Connect with us

Други спортови

„Се обложувам во куќата и автомобилот дека Андерсон ќе го нокаутира МекГрегор“

Конор МекГрегор сигурно нема да го добие саканиот реванш против Хабиб Нурмагомедов кој на почетокот на месецов го победи во борбата за титулата во лесна категорија во УФЦ.

Ирската ММА ѕвезда после тој пораз го предизвикаа многумина, а меѓу нив и легендарниот Андерсон Силва (43) која сака борба со Конор.

Дека Силва би го победил МекГрегор убедена е уште една бразилска легенда Антонио Ногуеир.

„Тоа би било одлична борба помеѓу два талентирани борачи. МекГрегор добро ја контролира дистанцата, но Андерсон тоа го прави како никој друг. Дерек Бронсон е агресивен и знае да ја скрати дистанцата, но против Силва не можеше да направи ништо“, тврди Ногуеир.

Секако, тежината е главен проблем затоа што 43-годишниот Силва е многу потежок од МекГрегор.

„Андерсон може да дојде до 80 килограми, но МекГрегор би требало малку да „поткрене“. Би се обложил во куќата и автомобилот, верувам дека Андерсон би го нокаутирал Конор. Борбата и тоа како би се продала“, смета Ногуеира.

Последната борба на 43-годишниот Силва беше во февруари 2017. година.