Connect with us

Фудбал

Се огласи и менаџерот Захави: Левандовски од лето во нов клуб?

Барселона е подготвена да го реализира можеби најзвучниот трансфер ова лето.

Според шпанските медиуми, меѓу кои и „Diario Sport“, Роберт Левандовски е се поблиску до доаѓање на Ноу Камп.

Полскиот напаѓач е желба на Каталонците, а сега ги поткрепува и тоа што разговорите меѓу Баерн и Левадовски за продолжување на договорот со Баварците траеја долго.

И шпанските медиуми ја пренесоа веста дека пристигнал идеалниот момент Барселона да го реализира трансферот на полскиот напаѓач, а наводно би му понудиле двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година.

Барселона го контактираше и менаџерот на Левандовски, Пини Захави кој исто така даде позитиви вибрации и е подготвен за детални преговори.

Левандовски има договор со Баварците до летото 2023 година. Се очекуваше дека веќе ќе најдат заеднички јазик за продолжување, но многу работи се искомплицираа.

Барселона само го чека првиот вистински моментум за да ја заврши приказната околу целиот трансфер, а доаѓањето на Левадовски секако ќе понуди нова димензија на играта на Ноу Камп.

Барселона со доаѓањето на Чави резултатски се разбуди, а се чини дека многу се променија и финансиски.