Connect with us

Фудбал

Се огласи Салах: Има многу работи што луѓето не ги знаат

Во тек се преговори меѓу Мохамед Салах и Ливерпул за продолжување на договорот.

Во интервју за Sky Sports, Египјанецот се осврна и на темата, но ништо не кажа, ниту откри.

„Има многу работи кои луѓето не ги знаат. Не можам да зборувам за мојата иднина пред натпреварот со Манчестер Сити бидејќи тоа би било многу необично“, изјави Салах.

Да потсетиме, пред неколку дена англиските медиуми објавија дека Салах ќе добие и потпише доживотен договор, но, судејќи по оваа изјава, тешко дека тоа ќе се случи.

Договорот на Салах со Ливерпул истекува во летото 2023 година, но сега во центарот на вниманието е натпреварот против Манчестер Сити, кој може дополнително да ја искомплицира борбата за англискиот шампион.

Пред овој натпревар Сити има само еден бод предност, а натпреварот се игра в недела од 17:30 часот.