Connect with us

Фудбал

Се палат алармите ширум Европа: Гризман потврдува дека се започнати одлучувачките преговори

Гризман минатото лето беше блиску до Манчестер Јунајтед, но тој реши да остане, барем за некое време лојален на Атлетико, бидејќи поради забраната за трансфери не беа во можност да донесат соодветна замена.

Иако се шпекулира дека се уште постои интерес на Манчестер Јунајтед за одличниот Французин, истиот оттогаш драстично се намали, но сега се појави Барселона. Имено, каталонскиот гигант е подготвен да плати над 110 милиони евра за неговите услуги.

Очигледно трансфер на Гризман во Барселона е многу блиску до реализација, но поради најновите вести сигурно ќе се „запалат алармите“ и на Камп Ноу, но и во други клубови кои „тајно“ сакаа да го ангажираат одличниот напаѓач.

Всушност, тој призна дека не може да биде сигурен дека ќе остане во Атлетико, и дека штотуку започна преговори со челниците на клубот кои ќе кажат многу за неговата иднина.

„Не знам дали ќе останам во Атлетико, ќе видиме. Зборуваме со клубот за да видиме што може да се направи“, рече Гризман.

Инаку, Атлетико е подготвен да го направи Гризман нај платениот играч во историјата на клубот, со цел да го задржи во Мадрид, но сепак многу Шпански медиуми шпекулираа дека тоа нема да биде доволно за да се спречи неговиот трансфер.