Connect with us

Фудбал

Се пензионираше на крајот на август, а во понеделник ќе потпише договор со Барселона

 Голманот Војчех Шчесни ќе потпише договор со Барселона во понеделник на 30 септември, објави новинарот Фабрицио Романо.

Триесет и четиригодишниот полски голман кој се пензионираше на крајот на август, ќе се врати во фудбалот за да го замени Марк-Андре тер Штеген во каталонскиот клуб, кој заработи тешка повреда на коленото и ќе пропушти околу осум месеци.


Детали за договорот на Шчесни со Барселона не се прецизирани.

Претходниот тим на фудбалерот беше Јувентус, за кој настапуваше од јули 2017 до август 2024 година. Шчесни бранеше и за Арсенал, Брентфорд и Рома.