Connect with us

Фудбал

Се подготвува големо предавство: Ди Марија прави трансфер што ќе предизвика бес во Мадрид?

Анхел ди Марија од 1 јули ќе стане слободен играч бидејќи му истекува договорот со ПСЖ.

„Мојата идеја е да играм уште една година во Европа и да бидам подготвен за Светското првенство, а потоа да се вратам во Аргентина“, изјави Ди Марија во мај.

Се чинеше дека неговиот нов клуб треба да биде Јувентус, но може да се случи неверојатен трансфер. Имено, Барселона е заинтересирана за неговите услуги.

Трансферот на Ди Марија на Камп Ноу не е лесна задача, бидејќи Каталонците нема да се согласат на трансфер под никакви услови.

Поточно, Анхел ди Марија ќе мора да прифати плата од само два милиони евра годишно, далеку под онаа што ја заработува во ПСЖ, најавува „Барса Универзал“.

Останува да видиме што ќе избере аргентинскиот играч – Јувентус и повисока плата или Барселона, помала плата и големо предавство, со оглед на тоа што четири години играше за Реал Мадрид, најголемиот ривал на Барселона.

Беше член на Реал Мадрид од 2010 до 2014 година, а за тоа време беше шампион на Шпанија во 2012 година, европски првак две години подоцна, го освои Суперкупот на УЕФА, двапати Купот на Шпанија и еднаш Суперкупот.

Да потсетиме, во кариерата играше и за Росарио, Бенфика и Манчестер Јунајтед.