Connect with us

Фудбал

Се подготвува изненадувачкиот трансфер на Луис Суарез

ЛУИС СУАРЕЗ има договор со Атлетико до крајот на сезоната и 35-годишниот Уругваец најверојатно ќе го напушти Мадрид во јули. Британските медиуми пренесуваат дека Суарез би можел да се врати во Премиер лигата, натпреварување во кое блескаше во дресот на Ливерпул.

Суарез има понуда од Астон Вила, која сака да го доведе неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Стивен Џерард, кој е тренер на оваа екипа. За Уругваецот е заинтересиран и Интер Мајами, МЛС клуб во сопственост на Дејвид Бекам, но пореална опција е Суарез да остане во Европа и следната сезона.

Суарез оваа сезона одигра 40 натпревари за Атлетико и постигна 13 гола. Во дресот на Ливерпул 82 пати ја погоди противничката мрежа на 133 настапи и имаше 46 асистенции.