Connect with us

Фудбал

Се подготвува Континенталната лига: Абрамович е главен спонзор, а би настапувале екипи од осум земји!

Русите неодамна добија санкции од ФИФА и УЕФА, а беа исклучени од сите фудбалски натпреварувања поради инвазијата на Украина.

Во меѓувреме, воената состојба во Украина и руската воена акција предизвикаа да настрадаат многу спортисти и бизнисмени од таа земја кои живеат во странство, па рускиот нафтен гигант Роман Абрамович реши да го продаде Челзи.

Наводно, 55-годишниот Абрамович решил сите пари да ги испрати на жртвите од војната во Украина. Иако е подготвен целосно да го напушти актуелниот европски шампион, кого од 2003 година го претвори во фудбалски гигант, Абрамович нема намера да се повлече од фудбалот.

Руските медиуми тврдат дека милијардерот е подготвен да ја формира Континенталната фудбалска лига. Според порталот inc-news.ru, Абхрамович во оваа лига очекува клубови од Русија, Кина, Србија, Израел и Бугарија, а во новиот формат на меѓуклупското натпреварување би учествувале и екипи од Белорусија, Казахстан и Финска.

Спонзори на новото фудбалско првенство би биле руски претприемачи, но и претприемачи од земјите наведени погоре кои ја поддржале Русија во оваа војна, додека главен спонзор на проектот би бил Абрамович.

Сето ова изгледа нереално и тешко остварливо, но ако нешто научивме во фудбалот последниве години, но и воопшто во животот – ништо не е невозможно.

Со сето тоа се уште постои планот за Суперлигата

Пред една година, 12 европски клубови се одлучија за фудбалска револуција која беше неуспешна. На крајот останаа Барселона, Реал Мадрид и Јувентус, а останатите клубови се вратија кај својата „мајка“ УЕФА.

Сепак, тројцата одметници не се откажуваат. Странските медиуми пренесуваат дека првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели ќе ја претстави новата Суперлига.

Тоа ќе биде отворено натпреварување со две лиги од по 20 клуба. Клубовите од Лигата Б ќе можат да изборат место во Лигата А, додека клубовите од Лигата А ќе испаднат во Лигата Б.

За разлика од првиот обид, овој пат заговорниците на оваа идеја решија да направат промени и да ја направат Супер лигата достапна за уште повеќе клубови.

Во меѓувреме веќе пристигна одговорот на Александар Чеферин. Првиот човек на УЕФА рече дека пандемијата на коронавирусот се користела порано, а сега се користи војната во Украина.

„Клубовите се слободни да создаваат сопствено натпреварување, но нека не очекуваат да се натпреваруваат во натпреварувањата на УЕФА. Порано користеа пандемии, сега користат војна“, рече Чеферин на самитот Business of Football организиран од Фајненшл Тајмс.

УЕФА планира да вклучи 36 клубови во Лигата на шампионите од 2024 година, но новата идеја за „одметници“ може да го уништи тој план.

За потсетување, покрај Јувентус, Барселона и Реал Мадрид, првиот обид за создавање на Суперлигата ги вклучија и: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Милан, Интер и Атлетико Мадрид.