Connect with us

Фудбал

Се подготвува земјотрес на „Олд Трафорд“: Манчестер Јунајтед отпиша дури 12 играчи!

Манчестер Јунајтед и оваа сезона не игра според очекувањата и веќе е јасно дека нема ништо од англиската титула.

Јунајтед речиси десет години чекаше на титулата англиски првак, а клубот во тој период потроши многу пари на засилувања и и покрај сето тоа не успеа да постигне позабележителен резултат.

Навивачите на „црвените ѓаволи“ покажаа големо незадоволство по поразот во градското дерби и им порачаа на клупските челници дека на лето мора да направат суштински промени во играчкиот кадар и да се ослободат од поединечни играчи.

Колку е сменета ситуацијата на „Олд Трафорд“ доволно говори и фактот што Јунајтед игра со некои играчи кои во времето на Сер Алекс Фергусон не можеа да бидат ниту во резервниот тим.

Иако летото кога во тимот се врати Кристијано Роналдо владееше еуфорија меѓу навивачите, тие веруваа дека конечно може да се вратат во самиот врв на европскиот фудбал, но тоа очигледно нема да се случи оваа сезона.

Англиските медиуми пишуваат дека челниците на Јунајтед се свесни дека на лето мора драстично да го сменат играчкиот кадар.

„Сан“ утринава објави дека во Манчестер Јунајтед веќе се отпишани 12 играчи и дека ќе се најдат на трансфер листата кога ќе заврши оваа сезона. Тие се подготвени да вложат многу пари за промена на тимот, а се надеваат дека ќе заработат и со продажба на играчи.

Наводно, на оваа листа се најде и Кристијано Роналдо, кој е незадоволен од својот статус во тимот, па сам одлучил да не игра за викендот против Манчестер Сити.

Покрај Роналдо, на оваа листа се и: Хари Мегваер, Виктор Линделоф, Ерик Бејли, Фил Џонс, Фред, Џеси Лингард, Хуан Мата, Единсон Кавани, Мејсон Гринвуд, Том Хитон и Ли Грант.

Некои од нив ќе се најдат на трансфер листата, а има и играчи на кои на крајот од сезоната им истекува договорот со Манчестер Јунајтед и нема да добијат понуда за продолжување на соработката.