Connect with us

Фудбал

Се прави тим полн со суперѕвезди: Оваа сезона влегоа во Серија А, па ангажираа неколку супер звучни имиња!!

Каков тим прави Комо! Италијанскиот тим, на чија клупа седи Цеск Фабрегас, по 21 година се врати во Серија А и веднаш се зафати со изградба на неверојатен тим од ветерани и слободни играчи. Италијанскиот репрезентативец офанзивец и поранешен играч на Милан, Торино, Болоња и Наполи, Симоне Верди веќе беше во тимот, но сега доаѓаат многу поголеми имиња.

Поранешниот голман на Ливерпул и Барселона, Пепе Реина, пристигна по уште една сезона во Виљареал, каде што се прослави во фудбалот. Заедно со него од Виљареал пристигнува и Алберто Морено кој го паметиме и од Ливерпул, а одбраната ќе ја комплетира Рафаел Варан кој по години во Реал Мадрид и нешто послаби игри во Манчестер Јунајтед сега пристигнува како слободен играч.

Од Манчестер Јунајтед исто така доаѓа Антони Марсијал како слободен играч, за кој беа беа исплатени дури 80.000.000 евра кога на „Олд Трафорд“ пристигна од Франција. Тука не е крајот на засилувањата, па како уште еден голман ќе пристигне искусниот Пау Лопез од Олимпик од Марсеј, а во нападот ќе се приклучи некогаш најбараниот италијански фудбалер Андреа Белоти.