Connect with us

Фудбал

Се што му треба на Реал: Кавани просечно постигнува 34 голови по сезона

Реал Мадрид мора итно да делува и да пронајде нов напаѓач, затоа што Кристијано Роналдо после девет сезони го напушти клубот и замина во Јувентус.

Тешко е да се надомести губењето на Роналдо, но ако барате гол-машина, тогаш на „Google“ напишете: „Едисон Кавани“.

Отприлика на овој начи Мадридскиот весник „AS“ на челниците на Реал му го препорача Кавани, напаѓачот на ПСЖ кој навистина е незапирлив кога се во прашање погодоците и од неговото сериозно играње фудбал, од доаѓањето од Наполи има просек од 34 голови по сезона.

Во сезоната 2010/11 како член на Наполи постигна 33 голови, во следната постигна 33 голови во истиот дрес, потоа постигна 38 голови во сезоната 2012/13, а потоа го купи ПСЖ. Неговата доминација продолжи и во Франција.

Во првата сезона со Парижаните постигна 25 голови, пото постигна 31, а во сезоната 2015/16 повторно постигна 25 голови. Во сезоната 2016/17 постигна дури 49 голови, а во изминатава сезона постигна 40. Тоа му носи просек од 34.25 голови по сезона.

„Кралевите“ доколку го донесат Кавани би имале околу 30 загарантирани погодоци по сезона, но прашањето е дали може Реал да го наговори ПСЖ да го продаде Уругваецот, но сепак прашање е и дали Реал го сака затоа што се „шушка“ дека Еден Азар може да потпише за „Кралевите“, а се спомнуваат и Хери Кејн, Роберт Левандовски и кој уште не.

Но 31-годишниот Кавани е навистина играч кој ветува голови и кој нема мана. Помеѓу другото, тоа се виде и во претходните сезони, па и на Светското првенство, но какво е мислењето на луѓето на „Сантијго Бернабе“?

Тие работат на случајот „нов напаѓач“, навивачите се нестрпливи, исто како и јавноста и медиумите, кои сакаат што побрзо да дознаат кој ќе се пресметува со Лионел Меси во наредната сезона.