Connect with us

Фудбал

Се случува и во ЛШ: Ал-Хелаифи и Леонардо направија скандал на полувремето

На полувремето од првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид дојде до скандал.

Според пишувањата на „Марка“, челниците на ПСЖ, претседателот Насер Ал-Хелаифи и спортскиот директор Леонардо одлучиле правдата да ја бараат од судиите.

Ал-Хелаифи и Леонардо се симнаа во соблекувалната од свечената ложа и извршија притисок врз официјалните лица на натпреварот предводени од Даниеле Орсат.

И додека тоа може да се случи на натпревари од помала важност, за Лигата на шампионите е вистинска реткост челниците на еден клуб вербално да ги напаѓаат судиите.

Новинарот Марсе тврди дека на незгодната сцена присуствувале и луѓе од УЕФА.

Останува да се види каква ќе биде реакцијата на УЕФА, но нема да биде изненадување што Александар Чеферин затвора очи пред се со оглед на односите со Ал-Хелаифи и заедничката борба против Флорентино Перез и Суперлигата.

Орсато оправдано досуди пенал за ПСЖ во вториот дел, кој Лионел Меси не успеа да го претвори во гол откако одбрани Тибо Куртоа.

Кај Реал жолти картони добија Касемиро и Менди, а овие двајца играчи поради суспензија нема да настапат на реваншот на 9 март.

За потсетување, натпреварот беше решен во судиското обештетување по одличниот гол на најдобриот играч на натпреварот Килијан Мбапе.