Connect with us

Фудбал

Се спрема најголемото изненадување во летниот преоден рок: Баерн доведува играч на Манчестер Јунајтед?

Роберт Левандовски ова лето најверојатно ќе го напушти Баерн Минхен бидејќи сака кариерата да ја продолжи во Барселона.

Левандовски јасно им стави до знаење на челниците на Баерн дека нема намера да го продолжи договорот кој му истекува за една година и дека сака да го напушти клубот ова лето бидејќи е желен за нов предизвик.

Полјакот најмногу се поврзува со преселба во Барселона, а преговорите меѓу каталонскиот клуб и Баерн наводно започнале пред неколку дена.

Сепак, Баерн јасно стави до знаење дека нема да даде зелено светло за трансфер на Левандовски додека не најде достојна замена за својот најдобар играч.

Веќе неколку напаѓачи се поврзуваат со Баерн, а денес се појавија интересни информации. Според германски Кикер, напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е на листата на желби на Баерн.

Наводно, челниците на Баерн покажале голем интерес за Рашфорд, кој во последно време не игра на завидно ниво во Јунајтед, но и многу почесто е на клупата отколку во стартниот состав.

Рашфорд покажа желба да си замине од „Олд Трафорд“ бидејќи е свесен за конкуренцијата во нападот, и за тоа што Кристијано Роналдо има предност пред него.

Кикер пишува дека Баерн будно ја следи ситуацијата и е подготвен да му понуди на Расфорд договор на пет сезони. Англискиот напаѓач нема ништо против да замине во Баерн, но Јунајтед не сака така лесно да го пушти.

За овој 24-годишен играч бараат околу 75 милиони евра, додека Баерн има намера да понуди 50 милиони евра. Рашфорд оваа сезона одигра 32 натпревари, постигна пет гола и забележа две асистенции во сите натпреварувања.