Connect with us

Фудбал

Се врати стариот лисец Фергусон – испрати моќна порака до сите навивачи

На 5ти мај годинава веста за мозочниот удар на Алекс Фергусон го потресе светот, или барем неговите многубројни навивачи кои останаа затечени од ситуацијата. Тој веднаш беше сместен во најдобрите клиники во Англија, каде се грижеа армија на војска, која му помогна целосно да се опорави и тој сега им заблагодари јавно на нив.

„Здраво на сите, сакам да ви испратам една брза порака. Прво, благодарност до сите во медицинскиот центар во Маклесфилд, Салфорд Ројал и Александра болницата. Верувајте ми, тие луѓе се грижеа за мене одлично, доколку не беа тие, јас немаше да бидам овде. Значи, благодарност и до мојата фамилија“.

„Откако ја добив целата поддршка од сите фанови, посакувајки ми се најдобро со добри желби, допревте до мене. Ви благодарам на поддршката која ми ја дадовте. И да, ќе бидам подоцна со Жозе и тимот, ќе ги следам од трибини, им посакувам се најдобро и благодарам“, порача Фергусон во кратката видео порака.