Connect with us

Фудбал

Се знае првата жртва: Модриќ ќе лета од Реал!

Најдобриот светски фудбалер за 2018 година Лука Модриќ најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок.

Шпанскиот таблоид Диарио Гол тврди дека хрватскиот репрезентативец не се вклопува во плановите, односно формацијата на Антонио Конте и не му е загарантирано местото во првиот тим. Тоа, всушност, е одлично за Модриќ кој и пред сезоната изрази желба да си оди, но претседателот Флорентино Перес не сакаше да слушне.

Речиси сигурно на крајот на сезоната ќе има чистка во составот на Реал. Ќе си заминат и Герет Бејл и Карим Бензема, а Конте веќе доставил список на засилувања кои ги сака за идната натпреварувачка кампања.

SPORTCLUB.MK