Connect with us

Фудбал

Седум пати по ред беа шампиони на Франција, а сега ја остварија првата победа сезонава

Во 12. коло во францускиот фудбалски шампионат, Лион на гости го победи Рен со 1:0, остварувајќи ја првата победа сезонава. Решавачкиот гол го постигна Џејк О’Брајан во 67. минута на асистенција на Саел Кумбеди. На натпреварот големо влијание имаше и исклучувањето на домашниот дефанзивец Гуел Дуе, кој беше исклучен уште во петтата минута.

Ова беше прва победа сезонава во првенството за клубот кој седум пати по ред беше шампион од 2002 до 2008 година, но „лавовите“ и понатаму се на дното на табелата со седум бодови, пет помалку од опасната зона. Рен е на 13. место со 12 бодови. Во рангирањето води ПСЖ со 27 бодови, бод помалку има Ница, а трет е Монако со 24 бодови.