Connect with us

Кошарка

Сега е јасно, коронавирус и во НБА лигата, суспендирани сите мечеви на неодредено

Вчера информиравме дека вчерашниот меч помеѓу Голден Стејт и Бруклин ќе се одигра без присуство на публика како мерка во борбата против ширењето на коронавирусот. Сепак, НБА лигата одите чекор понатаму и презеде радикални мерки.

Како што се вели во официјалното соопштение се суспендираат сите мечеви, почнувајќи од вечерашните на неодредено. По деталните анализи и состаноци ќе биде утврдено до кога ќе трае суспензијата.