Фудбал
Сега е ОФИЦИЈАЛНО: Конечно Македонија ќе може да ја гледаме на стадион и тоа против Словенија
Комисијата за заразни болести утрово на состанокот донела одлука да и препорача на владата да ја укине забраната за присуство на публика на мечеви кои се организираат на отворено. Па, така во знак на поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која обезбеди историски пласман на ЕП, на пријателскиот меч со Словенија кој ќе се одигра на 1-ви јуни во Скопје ќе може да се присуствува и публика. Сепак, бројот ќе биде ограничен, односно ќе се дозволи само 30 отсто од вкупниот капацитет на нашиот најголем фудбалски стадион „Тоше Проевски“, тоа би значело дека нешто над 10.000 навивачи.