Connect with us

Фудбал

Сега на потег се оние што имаат најмногу, фудбалер купил респиратор од 20 илјади евра за клиника во Црна Гора

Како што пренесуваат црногорските медиуми, напаѓачот Лука Ѓорѓевиќ купил респиратор и го подарил на Клиничкиот центар во Црна Гора во вредност од 20 илјади евра.

Фудбалерот на рускиот Локомотив, во моментов е во Москва, но не ги заборавил своите корени и одлучил да и помогне на Црна Гора на конкретен начин.

Во оваа земја во моментов има 8 случаи позитивни на коронавирус. Ова можеби е најдобар пример дека сега е моментот оние кои најмногу имаат, најмногу да помогнат.