Фудбал
Сега се е јасно, Интер ја одреди цената за Ериксен
Се поизвесно е дека Кристијан Ериксен ги минува последните денови во Милано. Интер, или поточно речено тренерот Атнонио Конте не смета на услугите на еден од најдобрите играчи за врска. Па, така речиси сигурно во јануари Ериксен оди на продажба.
Според последните информации, Интер дури и ја одредил цената, а таа е 30 милиони евра. Сепак, не е исклучено да има размена со некој друг клуб за друг фудбалер. Такви опции се спомнуваат со ПСЖ за Парадес, Арсенал за Џака, Баерн за Толисо и Манчестер Јунајтед за Фред.