Connect with us

Фудбал

Сега сите би го сакале тоа: Играчот на Реал го користи „методот Мбапе“ и го уценува клубот

Реал Мадрид ја загуби битката за доведување на Килијан Мбапе пред официјално да започне преодниот рок.

Францускиот напаѓач чекаше да му истече договорот за да одлучи дали ќе остане во ПСЖ или ќе замине во Реал Мадрид, а на крајот изборот падна на останување во француската престолнина откако клубот му понуди неверојатни услови.

Реал Мадрид сега има сличен проблем со Марко Асенсио.

Марко Асенсио, еден од играчите на кои Карло Анчелоти се потпре минатата сезона, влезе во последната година од договорот и се чини дека не сака да го продолжи договорот.

Шпанскиот напаѓач би сакал да ја искористи истата тактика на Килијан Мбапе и да му истече договорот, за да има предност следното лето кога се во прашање преговорите, било со Реал Мадрид или некој друг клуб.

Асенсио би можел да добие повеќе пари доколку го користи „методот на Мбапе“, пишува локалниот АС, имајќи практично можност да ги „уценува“ клубовите со кои би преговарал.

Имено, Шпанецот пред неколку месеци го смени својот агент и почна да соработува со еден од најпознатите светски агенти Жорге Мендеш, човек во чии раце, меѓу другите, е и судбината на Кристијано Роналдо.

Асенсио минатата сезона одигра 42 натпревари за Реал Мадрид и успеа да постигне гол 12 пати, додавајќи уште две асистенции.

Треба да се спомене и дека Манчестер Јунајтед се поврзува со Асенсија, но засега нема ништо конкретно по тоа прашање.