Фудбал
Селекторот Фода ги објави имиња, со овие играчи Австрија ќе се спротивстави на Македонија на ЕП
Селекторот на фудбалската репрезентација на Австрија, Франко Фода повика 30 фудбалери за Европското првенство. Автрија, покрај Украина и Холандија е во нашата група. Токму оваа селекција на 13-ти јуни е првиот противник на Македонија во историското прво учество на еден континентален собир. Се очекува од овие играчи да отпаднат четворица, бидејќи на ЕП бројот треба да биде 26 фудбалери.
Австрија на почетокот на јуни ќе одигра две пријателски средби, со Англија и Словачка, па се чини дека за тие два мечеви ќе биде скроен и конечниот список.
Der Kader zur EURO-Vorbereitung! #GemeinsamÖsterreich pic.twitter.com/wH9yfJxpI2
— ÖFB – oefb.at (@oefb1904) May 19, 2021