Connect with us

Фудбал

Селекторот на Аргентина загрижен: „Не сакам да знам што ќе биде после вториот или третиот натпревар

Селекторот на Аргентина Лионел Сколани го критикуваше теренот на кој неговата репрезентација синоќа го играша натпреварот од Копа Америка против Колумбија.

Аргентина беше немоќна против Колумбија (0:2), но селекторот на „Гаучосите“ смета дека теренот е исклучително лош.

„Штета е теренот да е ваков со оглед на тоа што е ова прв натпревар. Не сакам да знам што ќе биде после два или три натпревари. Можеше да биди далаку подобар за првиот натпревар, за такви играчи… Навистина штета“, рече Скалони, кој потоа зборуваше за колумбија.

„Мислам дека Колумбија е добар тим. Фокусирани се на она што е важно. Најважно е тоа што добро се соочивме со нив, бевме и подобри, но тоа беа само циклуси во натпреварот. Моравме да се прилагодиме на нивната игра, посебно на нивните контранапади во вториот дел“.

Инаку, ова е првиот пораз на Аргентина на отворањето на Копа Америка од 1979. година, а Колумбија ја сруши Аргентина прв пат од 2007 година, односно после 12 години.

Аргентина во групната фаза треба да игра уште против Парагвај и Катар.