Фудбал
Селекторот на Србија, Пикси пред мечот со Швајцарија: Мирно спијам, нема хистерија!
Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ Пикси и српскиот репрезентативец Александар Митровиќ одговараа на прашања на новинарите пред решавачкиот меч со Швајцарија.
Пред одлучувачкиот меч, Пикси ја воодушеви нацијата, бидејќи откри дека сите играчи се подготвени за натпреварот и ќе му бидат на располагање.
Кога станува збор за Душан Влаховиќ, за кој најмногу се зборуваше претходните денови, селекторот откри дека е подготвен за мечот, но не сакаше да открие детали за составот на тимот.
Еве што кажаа Пикси.
-Спијам мирно, нема хистерија. Жал ми е што некои луѓе навредуваат… Жал ми е што не сте со нас во хотелот, би се увериле во моите зборови. Ние сме добра група, па така ќе се однесуваме додека сме овде, да останеме што подолго. Од таа страна се е во најдобар ред. Наутро, се молам играчите да се здрави. Едвај го чекам почетокот на натпреварот. Во Лисабон Португалија беше одлична, па најдовме решение. А сега, Швајцарија е голем проблем, се надеваме на најдоброто, изјави Пикси.
На овој меч, селекторот се очекува да настапи со двајца напаѓачи, Митровиќ и Влаховиќ.
-Подготвен сум. Во првиот меч бевме под постојан притисок, во вториот се чувствував подобро. Со нетрпение го чекаме мечот со Швајцарија, изјави Митровиќ.
Во петок од 20 часот на стадионот „974“ Србија ќе игра против Швајцарија во натпреварот од третото коло од групата Г. “Орлите” имаат еден бод, Швајцарците три, па им треба победа на тој меч за да пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар.