Connect with us

Фудбал

Сенегалците наградени на неверојатен начин: Добиле пари, но и две парцели

Репрезентацијата на Сенегал пред неколку дена го освои Африканскиот куп на нации.

Сенегалците одиграа одлично на Африканскиот куп на нации што се одржа во Камерун и на крајот успеаја да го совладаат Египет во финалето по изведувањето пенали и да стигнат до својата прва историска титула.

Фудбалерите на Сенегал вчера имаа спектакуларен пречек во Дакар каде беа пречекани од огромен број навивачи кои заедно со нив го прославија овој голем успех.

По прославата на титулата, во центарот на вниманието беше сенегалскиот претседател Меки Сал, кој рече дека сите играчи ќе бидат наградени со пари, но дека сепак ќе добијат уште една интересна награда.

Секој фудбалер и член на стручниот штаб на репрезентацијата ќе добие по 75.000 евра, парцела од 500 метри квадратни во Диамнијади и парцела од 200 метри квадратни во Дакар“, рече претседателот.

Диамнијади е нов град во Сенегал кој се уште е во изградба и е оддалечен околу 30 километри од главниот град.