Connect with us

Фудбал

Сент Етиен 13 натпревари без пораз

Екипата на Сент Етиен продолжи со добри игри во Лига 1 зголемувајќи ја низата од 13 натпревари без пораз.

Во натпревар од 35. коло на шампионатот на Франција, Сент Етиен синоќа на гостински терен го совлада Монпеље со резултат 1:0 со погодокот на Ромен Амоум.

„Зелените“ по осумте победи и пет нерешени резултати на последните 13 дуели се искачија на 5. место.

Од друга страна, Монпеље е веќе четири рунди без триумф и се наоѓа на 8. место.