Connect with us

Фудбал

Сепак ќе има место за Дармиан во тимот на Мурињо

Иако веќе беше сигурно дека Матео Дармијан повеќе нема да игра за Манчестер Јунајтед, сепак можно е да остане на „Олд Трафорд“ затоа што му е потребен на Жозе Мурињо.

Десниот бек Матео Дармијан во подготвителниот натпревар против Милан дури ја носеше и капитенската лента на Јунајтед, а со тој чин менаџерот на Жозе Мурињо сака да го поттикне Италијанецот кој итраше против клубот од својата земја. Можно е тој чин да беше и тест на португалскиот менаџер кој Дармијан го помина и можно е се уште да има место за Матео во Јунајтед.

„Тешко дека Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо ќе се откажат од Матео. Веројатно нема да ја напушти Премиер лигата и ќе остене овде“, кажа агентот на Дармијан.

Инаку, овој фудбалер претходно кажа дека ќе го менува клубот.

„Да, сакав да заминам. Веројатно ќе одам во Италија, тешка е таа одлука. Да играм за најдобриот клуб на светот е добра работа за мене и чест ми е да играм за Јунајтед“, рече Дармијан.

Тогаш за италијанскиот десен бек беа заинтересирани Милан, Јувентус и Наполи, а Јунајтед сакаше од неговата продажба да заработи 20 милиони евра.