Connect with us

Фудбал

Сепак нема да го гледаме вечерва дуелот Барди – Меси

Како што веќе претходно пишувавме, вечерва може да биде историскиот натпревар за Енис Барди. Името нашиот репрезентативец доколку постигне гол од слободен удар ќе се изедначи со светскиот Меси во бројка, а може и да го надмине.

Во изјава за шпанските медиуми Барди вели дека подготвени се да ја победат и Барселона.

Сепак она што сите го очекувавме, дуелот Барди – Меси вечерва нема да може да го видиме, бидејќи тренерот на Барселона му даде слободен ден на Аргентинецот.