Connect with us

Други спортови

Серена Вилијамс се откажа од настапот на Роџерс купот

Американската тенисерка Серена Вилијамс се откажа од настапот на Роџерс купот во Канада.

Вилијамс во образложението за откажувањето на учеството навела „лични причини“, меѓутоа не се соопштуваат детали.

Таа пред неколку дена го доживеа најтешкиот пораз во кариерата од Џоана Конта во Сан Хозе, а претходно во финалето на Вимблдон беше поразена од Анжелик Кербер.

Местото на Вилијамс на Роџерс купот ќе го заземе германската тенисерка Татјана Марија.