Connect with us

Фудбал

Серхио Рамос е мајстор за почитување: Постигнал гол во сите 14 сезони

Фудбалерите на Реал Мадрид ја поразија Жирона на гости со 4:1.

Еден од стрелците за кралскиот тим беше Серхио Рамос, кој на тој начин ја продолжи фантастичната низа.

Тој во Реал Мадрид дошол пред 14 години од Севиља, а од тогаш во секоја сезона на Ла Лига постигнал барем по еден гол што за еден дефанзивец е вистинско достигнување.

Добро е познато дека Рамос е многу опасен од било кој прекин, посебно кога е во прашање скок, а вечерва против Жирона постигнал гол од пенал.

Дефинитивно можеме да споменеме дека станал и еден од сигурните изведувачи на пеналите во последно време, а се’ започна со промашениот пенал против Баерн Минхен во полуфиналето на Лигата на шампионите.