Connect with us

Тајмаут

Серија А на оригинален начин ќе потсетува на ужасот од холокаустот

Фото: EPA/CLAUDIO LATTANZIO

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) потврди дека ова ќе се случува пред мечевите од Серија А, Серија Б и Серија Ц, но и пред сите аматерски и младински мечеви во текот на викендот.

„Заедно со министерството за спорт и сојузот на италијански еврејски заедници реши да додели една минута за навраќање на сеќавањата на холокаустот и на посветеноста на граѓанско општество, посебно меѓу младите луѓе“, се вели во соопштението на ФИГЦ.

Потегот доаѓа откако навивачи на Лацио оставија етикети околу „Олимпико“ со Ана Франк во дрес на ривалите од Рома, заедно со други анти-семитски пораки. Ова е делот кој ќе се чита пред мечевите.

„Го гледам светот како полека се преобразува во дивина, ги слушам грмотевиците кои доаѓаат и кои еден ден ќе не уништат и нас, го чувствувам страдањето на милионите. Но, сепак, кога ќе погледнам кон небото, чувствувам дека нешто ќе се промени на подобро, и дека и оваа суровост ќе помине и дека мирот повторно ќе се врати“.