Фудбал
Севиља го убеди Ребиќ – Ајнтрахт и Фиоретина ќе делат 21 милион евра
Севиља наскоро би можела д го финишира трансферот на Хрватскиот репрезентативец Анте Ребич, јавува шпанското радио „Onda Sero“.
Како што кажува истиот извор, челниците на клубот успеаа да го убедат брзоногиот фудбалер дека Севиља е идеален каде може да ја продолжи својата кариера. Наскоро иста така може да се дојде до конечен договор и со Ајнтрахт Франкфурт, а комплетниот трансфер би требало да изнесува 21 милион евра.
Германците платиа 2 милиони евра на Фиорентина за Ребиќ, но договорено е, половина од вкупниот трансфер ќе оди на адресата на клубот од Фиренца.
Ребиќ има феноменална сезона зад себе, одигра 28 натпревари во сите натпреварувања и постигна девет гола. Врвот на својата форма го доживеа на Светското првенство во Русија.