Connect with us

Фудбал

Шампионот Монако со шест гола го испрати дома Генгамп

Откако Париз Сен Жермен победи со 5:0 на гостувањето кај Анже и шампионот Монако забележа убедлива победа над Генгамп во меч од 11. коло на француската Лига 1.

Монако беше и поубедлив, па не мечот одигран на „Луј Втори“ пред својата публика го совлада Генгамп со 6:0.

По два гола за „кнезевите“ постигнаа Гуидо Кариљо (10. и 78. минута) и Адама Траоре (27. и 75.), а во листата на стрелци се запишаа и Диао Кеита (36.) и Фабињо (45,+1), кој реализира пенал.

На овој меч Монако настапи без двајцата свои најдобри напаѓачи Фалкао и Јоветиќ.

Со новите бодови Монако повторно ја врати разликата на четири бода заостанување во однос на лидерот на табелата ПСЖ, кој сега има 32 бодови.