Connect with us

Фудбал

Шест дена фудбал на терените од Премиер лигата

Традиционално на крајот од календарската година и на почетокот на новата календарска година англиските премиерлигаши играат натпревари од редовните кола. Два натпревара се на програмата утре (31.декември).

На 1.јануари ќе се играат и првите дуели од 22.коло (пет натпревари), а од оваа рунда четири дуели ќе се играат во вторник (2.јануари).

Дваесет и второто коло ќе биде комплетирано со дербито меѓу Арсенал и Челзи во среда (3.јануари), додека серијата натпревари за новогодишните празници ќе биде „затворена“ со уште еден дуел на лондонски тимови Тотенхем и Вест Хем играат на 4.јануари (четврток) натпревар од 21.коло.