Connect with us

Фудбал

Шевченко не може да потпише селекторски договор поради Џенова

Легендарниот Украинец Андриј Шевченко не се снајде најдобро како тренер на клупски план.

Тој забележа дури седум порази во 11 натпревари во кои ја предводеше Џенова во Италија. Успеа да оствари само една победа, додека три дуели завршија нерешено.

Брзо доби отказ поради очајните резултати, а се очекува да се врати на тренерската работа.

Украинските медиуми веќе најавија дека Шевченко ќе ја преземе испразнетата клупа на полската репрезентација на која што поскоро и треба селектор, со оглед на тоа дека во март ги очекува бараж за пласман на СП.

Сепак, работите засега ги запира Џенова.

Условите за прекин на соработката со Џенова не се договорени, Шевченко и неговиот стручен штаб се уште се на платен список и се додека е така Андриј не може да добие нова работа.

Да потсетиме, со клупата на полската репрезентација се поврзуваше и хрватскиот стручњак Славен Билиќ.