Фудбал
Шишковски: Јавноста очекува многу од нас, тоа е нормално, многу постигнавме
Голманот на македонската репрезентација Дамјан Шишковски вели дека ќе го дадат максимумот да ги оправдаат очекувањата на македонската јавност на четирите јунски мечеви во Лигата на нации, кои се големи со оглед на постигнатото во минатото.
-Јавноста очекува многу од нас, тоа е нормално, бидејќи многу постигнавме наназад многу натпревари. Ние сме максимално подготвени за тие четири натпревари. Репрезентацијата е подмладена, но тие млади фудбалери имаат првотимско искуство во своите тимови. Ние ќе дадеме максимум да ги оправдаме очекувањата, како нивните, така и нашите изјави Шишковски.