Connect with us

Фудбал

Шкендија славеше, Силекс го губи чекорот за Европа

По победата на Шкендија на гостински терен против Силекс (1:3), на Силекс му се намалуваат шансите за излез во Европа. Селекс кој е во борба за третото место од ПМФЛ сега има предност од само 1 поен.

Резултато на денешниот натпревар го отвори Ферхан Хасани во 4. минута за водство на Шкендија од 0:1, а на самиот крај од првото полувреме Бесмир Бојку во 44. минута постинга гол за убедливо водство од 0:2 за Шкендија.

Во второто полувреме во 54. минута Алма Вакили постигна гол за убедливи 0:3 за Шкендија, додека во 64. минута Дејан Благојевиќ успеа да гостигне еден гол за домаќините и да го намали водството на Шкендија на 1:3. Во 67. минута Беким Реџепи заработи исклучување.
Во следното коло Силекс ќе гостува кај Победа, а Шкендија ќе ја пречека екипата на Скопје.