Connect with us

Фудбал

Шкупи со двоцифрена предност пред ривалите за титулата

Лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкупи, попладнево забележа победа на домашен терен против Тиквеш и ја зголеми бодовната предност во однос на конкурентите за шампионскиот трофеј.

Дербито на 21. коло се одигра во Тетово каде Шкендија ремизира со Академија Пандев од Струмица.

Поради снег на теренот во Битола, одложен за утре е мечот меѓу Пелистер и Ренова.

Резултати на четирите средби од 21.коло во ПМФЛ одиграни попладнево:
Борец – Струга 0:1
Скопје – Работнички 0:1
Шкендија – Академија Пандев 0:0
Шкупи – Тиквеш 3:2.

Вчера Македонија Ѓорче Петров ја совлада Брегалница со 2:1.

Табела: Шкупи 51 бод, Шкендија 41, Академија Пандев 39, Македонија ЃП 36, Ренова 30, Брегалница 30, Струга 30, Работнички 28, Скопје 21, Тиквеш 18, Борец 13, Пелистер 5.