Фудбал
Шкупи со одговор до Шкендија: Како ве пречекавме, а што доживеавме!
Екипата на Шкупи на социјалните мрежи објави две фотографии како споредба за времето кога Шкендија била шампион и како ги пречекале во Чаир, односно со шпалир, а како тие ги пречекаа вчера во Тетово. Како што е познато имаше бројни инциденти, а од Шкупи велат навивачите за ова не се виновни, туку е виновен менталитетот на луѓето кои го водат клубот.