Connect with us

Фудбал

Шмајхел го продолжи договорот со Лестер Сити

Данскиот репрезентативен голман Каспер Шмајхел ја продолжи соработката со Лестер Сити.

Во изминативе недели се шпекулираше дека Шмајхел би можел да го напушти Лестер, но од тоа нема ништо затоа што овај 31-годишен голман го продолжи договорот со Лестер до 2023. година.

Шмајхел е веќе долго време е во Лестер, а во сезоната 2015/16. година сензационално ја освоиа титулата во Премиер лигата и влезе во историјата со Лестер.

„Поголем дел од мојата кариера ја поминав во Лестер и доживеав неверојатни моменти, а се надевам дека ќе има уште многу такви“, кажа Шмајхел.

Шмајхел се заблагодари на поддршката на навивачите, како и на челниците на клубот за кои кажа дека имаат голем улога во неговата кариера.