Connect with us

Фудбал

Шок во Англија, тренерот призна, тројца играчи на тимот со симптоми на коронавирус

Коронавирусот ги „нападна“ и фудбалерите од англиската Премиер лига. Како што изјави Брендан Роџерс, а пренесува Би-Би-Си, неколку фудбалери на Лестер имаат симптоми на коронавирус.

-Имаме неколку фудбалери со симптоми на коронавирус. Би било штета ако се одложи мечот со Ватфорд, но секако дека здравјето е на прво место, изјави Роџерс.

Медиумите велат дека се работи за тројца фудбалери, иако нивните имиња не се објавени.