Connect with us

Фудбал

Шокантна изјава на тренерот на Барса, вели дека смета на услугите на „отпишаниот“ Бразилец

Кутињо во моментов се наоѓа на позајмица во Баерн Минхен, но Баварците немаат намера да го откупат неговиот договор. Се пишува дека ќе биде продаден веќе извесно време, а шпанските медиуми дури објавија дека Челзи е заинтересиран и можно е да дојде до трампа. Кутињо во Лондон, а Канте во Барселона.

Но, тренерот на Каталонците со шокатна изјава.

-Филипе е одличен игач, вистина е дека многу го сакам. Во принцип, тој е играч на Барселона, и доколку замине ќе треба некој да плати значаен износ, но сметам дека кога ќе заврши сезоната ќе ми биде на располагање. Не знам дали сака да замине или да се врати. Ќе разговарам со него, но сепак се работи за одличен играч, вели Кике Сетјен.