Connect with us

Фудбал

Шпанецот со големо срце, Монако почна да дели откази, а тој понуди 2 милиони евра

Фудбалскиот клуб Монако одлучи да отпушти дел од вработените, а на остатокот да ги намали платите како резултат на кризата од коронавирусот.

Кога за тоа дознал фудбалерот на овој тим, Цеск Фабрегас, веднаш реагираше. Веднаш издвоил 2 милиони евра, кои ќе ги дели на оние што останале без работи и оние што добиле намалување, за да можат во наредниот период да живеат како досега, односно со истата сума на пари.

Шпанскиот фубалер му порачал на клубот Монако дека во наредите четири месеци нема да прима плата и тие пари клубот да ги пренасочи за оние кои ги отпуштиле или оние кои им се намалиле платите. Се разбира, клубот ќе мора да ги врати сите отпуштени на работа. Фабрегас годишно заработува околу шест милиони евра.