Connect with us

Ракомет

Шпанија е шестиот европски првак, голманот на Вардар херој на финалето

Шпанија Европското првенство (ЕП) го завршува со победа над Шведска од 29:23 и со тоа е новиот европски првак.

Шпанија е шестата селекција со европска титула, откако претходно титулите ги освојуваа Шведска (четири трофеи), Франција (три), Данска (два), Германија (два) и Русија (еден). Шпанија нема златен медал од летни олимписки игри, но има два трофеи од светски првенства (2005 и 2013 година).

Бронзата на ЕП 2018 ја освои Франција, по победата над Данска во мечот за третото место. Понатаму следат Хрватска, Чешка, Норвешка, Словенија, Германија, Белорусија, Македонија, Србија, Исланд, Унгарија, Австрија и Црна Гора.