Connect with us

Фудбал

Шпанија ги „затвори“ стадионите, УЕФА се размислува?!

Следните две кола во шпанската Примера ќе бидат одиграни без присуство на публика, како превенција од ширењето на коронавирусот. Одлуката е донесене поради зголемениот број на заразени лица во Шпанија.

Претходно француската Лига 1 донесе иста одлука, а Серие А до 3-ти април е целосно суспендирана. Натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа ќе се играат пред празни трибини, не сите, туку одредени, но оваа одлука е барем засега, бидејќи УЕФА исто така размислува мечевите да се играат пред празни трибини или да преземе уште порадикален потег и да ги одложи мечевите.