Connect with us

Кошарка

Шпанија и САД договорија пријателски натпревар

Пред Светското првенство во кошарка, следното лето ќе имаме можност да уживаме во одличен пријателски натпревар.

Селекциите на Шпанија и САД ќе одиграат натпревар за уживање, па ова на некој начин ќе биде и одличен вовед во она што не очекува следното лето.

Двете најдобри селекции во светот ќе имаат генерална проба пред Светското првенство. Хорхе Гарбахоса претседателот на Шпанскиот кошаркарски сојуз, за тамошните медиуми изјави дека се договорени сите детали и дека натпреварот помеѓу овие две селекции би требало да се одигра на 16. август следната година во Лос Анџелес.

Овие две репрезентации последниот пријателски натпревар го одиграа во 2010. година, кога САД на гости ја совлада Шпанија со 86: 85.

Тогаш доминантен беше Девин Дурант со 25 поени и го донесе „Dream Team“ до победа.