Connect with us

Фудбал

Шпанска „Марка“ за Македонија на ЕП: Наследници на Филип Втори и Александар Велики

Наследници на Филип Втори и Александар Велики. На овој начин угледнот весник „Марка“ од Шпанија ја претстави Македонија во текстот каде ги претстави сите учесници на ЕП кое започнува за еден месец,

-Планот на УЕФА за селекции со помала традиција да можат да размислуваат за ЕП ја има Северна Македонија како прво искуство. Балканскиот тим е единствениот кој дебитира во последната фаза и тоа го прави благодарение на формулата за плејоф во Лигата на нации во 2019 година.

Со Пандев, на 37-годишна возраст на кормилото, наследниците на Филип Втори и на Александар Велики тргнаа како Пепелашка на Евро, но нивното бунтовно предупредување не беше мало: победа над Германија на нејзин терен во квалификациите за Светското првенство во Катар“, пишува „Марка“.

 

Реклама

Facebook