Connect with us

Фудбал

Шпанците открија кого Жорди Алба го поканил од соиграчте на свадба

Жорди Алба реши да направи летна пауза за да се ожени со долгогодишната девојка Ромари Вентура.

Алба и Ромари со години се во љубовна врска и имаат две деца заедно, но дури сега донесоа одлука дека е време да запловат во брачните води.

Нивната венчавка ќе се одржи утре и нема да има голем број гости, па Алба реши да ги покани само блиските пријатели.

Шпанските медиуми очекуваа дека левиот бек на Барселона ќе ги повика соиграчите од клубот и дека речиси сите ќе добијат покана, но на крајот тоа не се случи.

Имено, Мундо Депортиво објави дека Алба поканил само неколку играчи на Барселона, односно само капитените на овој клуб и дека никој друг од клубот не добил покана да дојде на неговата свадба.

Како што е веќе познато, неговата покана претходно ја одби Жерар Пике поради сите скандали во кои моментално е со Шакир, а со доаѓањето не сакаше да му го украде вниманието на славеникот.

Меѓу играчите на Барселона на венчавката се очекува да бидат само Серхио Бускетс и Серхи Роберто.