Connect with us

Фудбал

Шпекулација или вистина: Барселона му понудила 16 милиони евра годишно на Мартинез

Барселона се чини дека е доста загреана за напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез. Според „Дејли Стар“, каталонскиот тим веќе контактирал со менаџерот на фудбалерот и наводно понудил 16 милиони евра годишна плата.

Пред извесно време Аргентинецот изјави дека е среќен во Интер и дека не планира да замине, а од друга страна не се знае дали италијанскиот тим ќе дозволи да замине овој млад напаѓач, со оглед на тоа дека плановите се да се гради тим за долги стази.

Сепак, тешко дека ќе одолее Интер, но и самиот играч на понудите на Барселона, ако се знае дека каталонскиот тим е подготвен да ја плати откупната клаузула од 111 милиони евра која стои во договорот на Лаутаро Мартинез со „Нероаѕурите“.