Connect with us

Фудбал

Шпекулација или вистина? Клоп заминува од Ливерпул, добива друга работа?!

Британските медиуми денес објавија сензационална вест дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема да ги тренира „црвените“ следната сезона!

Германецот е на работ да му ја донесе на Ливерпул својата прва титула по 30 години ако продолжи сезоната во Премиер лигата или трофејот му се додели на неговиот клуб. Актуелниот европски шампион сè уште доминира во Премиер лигата и Јирген Клоп, кој е во клубот од 2015 година, има договор до 2024 година.

Сепак, според британските медиуми, ситуацијата би можела да се смени целосно од летото, бидејќи германскиот фудбалски сојуз му нуди работа како селектор, со многу профитабилен договор.

Според Клоп, тој би можел да ја прифати оваа понуда во својата земја доколку титулата официјално заврши во витрините на клубот од „Енфилд“, но во моментов сè е во доменот на шпекулации.

Поранешниот стратег на Борусија Дортмунд и Мајнц со Ливерпул, покрај Лигата на шампионите, ги освои и Супер купот на УЕФА и Светскиот клупски шампион на ФИФА.